Измените на Законот за работните односи на матичната собраниска комисија
Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да ги разгледа измените на Законот за работните односи во деловите за прекувремена работа и местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес на државата што се предлагаат по скратена постапка со цел непречено извршување на работите од национален и стратешки интерес и нивно завршување во предвидените рокови.
Со законските измени се предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Со овие законски измени се очекува дека ќе се надмине состојбата на продолжување на роковите за прашања кои се од национален и стратешки интерес.
Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
Министерот за финансии во согласност со министерот за труд и социјална политика по усвојувањето на законските измени ќе треба да донесе подзаконски прописи за регулирање на местото и начинот на исплата на платата на работниците на проекти од национален и стратешки интерес.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила