Измените на Законот за земјоделство и рурален развој пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање.
На дневниот ред на седницата е и Предлог завршната сметка на Буџетот за 2018 година, со конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на основниот буџет на Република Северна Македонија.
Пратениците во рамките на седницата ќе разгледаат и повеќе ратификации на спогодби меѓу кои и за отворање нов граничен премин кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција и еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро, како и неколку барања за автентично толкување на закони и закнски решенија во прво и второ читање.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
