Македонија
29. July 2024 - 11:03

Изминатиов викенд 226 санкционирани возачи на подрачје на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека во текот на викендот биле изречени вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции.

Од другите мерки, 16 санкции се за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола и друго.