-->
-->
Изработувале муниција во нивниот дом, уапсени татко и син од Сирково
-->

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци синоќа во 19.00 часот, ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од кавадаречкото село Сирково, соопшти денеска МВР.
- При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Додека кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони, се појаснува во соопштението од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
