Израел: Без камери на избирачките места во арапските заедници
Изборната комисија на Израел го отфрли планот на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху да се постават камери на избирачките места во арапските заедници за време на парламентарните избори, што ќе се одржат во септември.
Претседателот на Изборната комисија Ханан Мелцер преку соопштение наведе дека инспектори ќе забранат снимање на избирачките места, како и тоа дека комисијата ќе направи се за да ги спречи „оние кои сакаат да постигнат резултат надвор од демократските правила“.
За време на изборите одржани во април Ликуд постави активисти со камери на избирачките места во арапските заедници за, како што рекоа, на тој начин да се борат против изборните измами. Меѓутоа, тоа наиде на осуда од многумина, кои сметаат дека на тој начин се заплашуваат и се одвраќаат од гласање припадниците на малцинските заедници.
Изборите во Израел ќе се одржат во септември, откако Ликуд не успеа да формира влада по априлските избори.
Ново на Сител
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија