-->
-->
Израел депортираше Иранец кој имал опрема за надзор
-->

Израелската разузнавачка агенција Шин Бет денеска соопшти дека спречила обид за иранска шпионажа и дека уапсила, а потоа и депортирала Иранец со еврејска вероисповед, кој долетал во земјата со кутија хартиени марамчиња во која, според агенцијата, сакал да скрие опрема за надзор.
Во соопштението се додава дека Иранецот, кој има роднини во Израел, за време на испрашувањето на аеродромот „Бен Гурион“ признал дека пристигнал во земјата за да шпионира израелски цели за иранските безбедносни оперативци.
„Овој настан е дел од широките ирански напори за воспоставување шпионски и терористички мрежи во Израел“, се вели во соопштението на Шин Бет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
