Израел е загрижен поради бранот на антисемитизам во Европа
– Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека неговата земја е загрижена поради бранот на антисемитизам во Европа и ја постави како приоритет безбедноста на еврејските заедници.
– Израел е длабоко загрижен поради опасниот бран на антисемитизам што го доживуваме денес низ Европа, вклучително во Германија. Безбедноста на еврејските заедници е приоритет за Израел, истакна министерот во интервју за „Велт“.
Лапид ѝ се заблагодари на Германија за преземањето решителни чекори за справување со масовниот антисемитизам и изрази надеж за соработка по ова прашање со новоизбраната влада. Министерот избегна да одговори на прашањето дали се плаши да ја однесе статуата во Германија по антисемитските напади, слични на оној врз синагогата во градот Хале.
Во октомври 2019 година, маж отвори оган во близина на синагога и ќебапчилница во градот Хале, убивајќи две лица. Тој наводно планирал да упадне во синагогата, каде се наоѓале 51 лице, и да пука во верниците.
Ново на Сител
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
