Израел ги проширува операциите во централна Газа

Израелската армија ги проширува своите операции во градот Деир ал-Балах во центарот на Појасот Газа, според изјавата на портпаролот на армијата, кој денеска ги повика жителите да ја напуштат областа во објава на „X“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат „интензивно да работат за елиминирање на терористите и демонтирање на терористичката инфраструктура во областа и ги прошируваат своите активности во нови области, се вели во соопштението на армијата. „За ваша безбедност, веднаш евакуирајте се на југ кон Ал-Маваси“, се додава.
Ал-Маваси на југозапад од завојуваната област беше означен од Израел како „хуманитарна зона“ за време на војната во Газа. Сепак, во минатото израелската војска нападна таму повеќе пати. Армијата соопшти дека меѓу целите биле објекти на палестинската исламистичка организација Хамас.
Семејствата на заложниците што сè уште ги држи Хамас во Газа одговорија на соопштението на армијата со загриженост и разочарување. „Може ли некој да ни вети дека оваа одлука нема да доведе до губење на нашите најблиски?“ се вели во соопштението од Форумот на семејства на заложници.
Огромното мнозинство Израелци посакуваат крај на војната и договор што ќе овозможи ослободување на киднапираните, се вели во извештајот.
Ова се првите копнени операции во областа од почетокот на војната во Газа, според весникот „Тајмс оф Израел“. Војската претходно не била распоредена таму.
Израелската армија избегнува копнени операции во областите на Појасот Газа каде што се сомнева дека можеби се држат заложници, за да не ги загрози луѓето киднапирани од Израел, се вели во извештајот.
Најмалку шест Палестинци се убиени во израелските напади во градот Газа и северниот дел од енклавата од раните утрински часови. Палестински извори изјавија дека израелската армија, исто така, спроведува операции за уривање на бројни цивилни домови во населбата Шуџаје, источно од градот Газа.
Израелските сили вчера убија најмалку 116 Палестинци низ Појасот Газа, вклучувајќи 38 лица кои се обидуваа да добијат оброци со храна.
Уште двајца Палестинци, меѓу кои и еднонеделно бебе, починаа од глад, според палестински медицински извори, додека Обединетите нации предупредија дека илјадници луѓе во Газа се на „работ на катастрофален глад“.
МИА
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
