Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа
Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.
Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.
На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.
Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45,000 Палестинци, од кои 17,492 деца и 11,979 жени.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин