Loading Video...
Свет
22. November 2023 - 12:17

Израел и Хамас постигнаа договор за 4 дневно примирје

Израел и Хамас постигнаа договор за 4 дневно примирје, со цел ослободување на дел од заложниците. Целата операција треба да почне од утре.

Плаестинската воена организација објави дека договорот опфаќа ослободување на 50 цивили жени и деца, помлади од 19 години, кои моментално се држат во Појасот Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца на возраст под 19 години од израелските затвори според времето што го поминале во затвор …

За време на периодот на прекин на огнот, Израел се обврзува дека нема да таргетира или апси никого во сите области на Појасот Газа. Загарантирано е слободно движење на луѓето од север кон југ.

Ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза.

Договорот ќе овозможи стотици камиони со хуманитарна помош, медицинска опрема и гориво да влезат во сите делови на Појасот Газа.

По постигнувањето на договорот, голем дел од светските лидери го поздравија таквиот потег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави хуманитарниот договор меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа и повика на пошироко решение кое ќе има меѓународен легитимитет.

Американскиот претседател Бајден истакна дека со овој чекор израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обезбедил поголема хуманитарна помош да стигне до Газа. Првиот човек на САД вели дека договорот ќе ги олесни страдањата на невините палестински семејства во Газа.

Вонеиот конфликт почна на 7 октомври, со нападот на Плаестинците, а по 47 дена војна загинаа над 15000 лица на двете страни.