Израел објави список со 95 палестински затвореници кои треба да бидат ослободени во недела
Израелските власти ги објавија имињата на 95 палестински затвореници што планираат да ги ослободат во недела, како дел од првата размена на затвореници според договорот за прекин на огнот со Хамас.
Израелското Министерство за правда соопшти дека затворениците нема да бидат ослободени пред 16 часот по локално време во недела (15 часот по средноевропско време).
Израелските медиуми јавуваат дека жените се мнозинство меѓу 95-те Палестинци кои ќе бидат ослободени во недела, а повеќето од нив биле уапсени по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Израелскиот безбедносен кабинет вчера го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на заложници за палестински затвореници.
Договорот треба да биде одобрен и од израелската Влада, по што треба да стапи во сила утре.
Како дел од првата фаза од договорот, која ќе трае шест недели, Хамас се согласи да ослободи 33 заложници, меѓу кои деца, жени, вклучително и жени војници и мажи постари од 50 години.
Во замена за заложниците, Израел ќе ослободи 95 палестински затвореници.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава