Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел

Израелската војска денеска соопшти дека либанската шиитска милиција Хезболах истрелала околу 165 ракети кон северот на Израел.
Според спасувачката служба Маген Давид Адом, вкупно шест лица се повредени, меѓу кои и едногодишно дете, во областа Кармиел во Галилеја и во областа Кирјат Ата, источно од Хаифа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека некои проектили биле пресретнати од ракетната одбрана, а други погодиле отворени области.
Хезболах ја презеде одговорноста за неколку напади врз Израел.
Проиранската милиција почна да пука врз Израел на почетокот на војната во Газа пред повеќе од една година. Израел одговара со воздушни напади и копнена офанзива.
Според израелски информации, од почетокот на конфликтот во северниот дел на земјата се убиени 74 лица од напади од Либан, од кои 43 цивили и 31 војник, а повеќе од 640 луѓе се повредени
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
