Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек

Израелската армија денеска повика на евакуација на градот Балбек во источен Либан, предупредувајќи дека има намера да нападне цели на Хезболах таму и во соседниот град Дуриса.
„За ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да се евакуирате од овие и од соседните згради и да останете на растојание не помало од 500 метри во следните четири часа“, објави портпаролот на израелската војска Авихај Андрае на платформата Х.
Израел ги прошири своите воздушни напади во последниве недели кон урбаните центри во Либан, како што е Балбек, каде што живеат околу 80.000 луѓе, откако најпрво ги таргетираше помалите погранични села на југот каде што дејствува Хезболах.
Повеќе од 2.100 луѓе во Либан се убиени во изминатите пет недели, а 1,2 милиони се раселени од израелските напади, велат либанските власти.
ОН соопштија дека многу луѓе принудени да избегаат од Либан, од кои голем број заминале во Сирија, ноќеска спиеле во своите возила соочувајќи се со тешки услови во потрага по безбедност, пренесоа агенциите.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
