Израелската армија потврди дека загубила разузнавачки дрон над Сирија
Израелската армија потврди дека загубила разузнавачки дрон над Сирија.
– Загубено е татктичко беспилотено летало Скајларк, деталите се анализираат, изјави за Тасс претставник од руската армија.
Тој нагласи дека инцидентот се случил во неделата, а не вчера, и додаде дека нема опасност од истекување информации.
Сириската ПВО собори израелски дрон над Голанските висорамнини, јави претходно либанската телевизија Ал Мајадин. Дронот летал над градот Кунејтра.
На 17 март сириските сили објавија дека собориле еден и оштетиле друг израелски авион. Тие биле дел од група израелски воени авиони кои напднале позиции во Палмира, во источниот дел од сириската провинција Хомс.
Израел потврди дека извршил воздушни удари врз Сирија, но негираше дека имале загуби. Инцидентот од петокот е најтежок меѓу Сирија и Израел, две држави што се технички во војна од почетокот на сирискиот конфликт пред повеќе од шест години.
Ново на Сител
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“
-
Се води постапка против полицаецот кој не дозволи да се крене возилото на велосипедска патека
-
Мицкоски и Филипче отворени за лидерска средба со други партии, ДУИ обвинува за моноетнички состанок