Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
Израелските воздухопловни сили викендов нападнаа повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение на израелската армија објавено на Телеграм.
Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа „ликвидирани“ како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во соопштението.
Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку локации за лансирање ракети за кои се верува дека биле користени за ракетни напади од Појасот Газа на израелска територија.
Според израелската војска, во пресрет на нападите биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот од цивилни жртви.
Воените и разузнавачките служби на Израел „ќе продолжат да дејствуваат против терористичките организации во Појасот Газа за заштита на граѓаните на Израел“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат