Израелската полиција ја запечати куќата на терористот кој уби седум лица во Ерусалим
Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби седум лица и рани тројца во ерусалимската населба Неве Јаков.
Армијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим.
Безбедносните сили веќе им рекле на жителите да ја напуштат куќата веднаш по нападот во петокот вечерта. Во саботата полицијата објави дека се приведени 42 пријатели и познаници на Кари, објави „Тајмс оф Израел“.
Неговата куќа беше затворена неколку часа откако Високиот совет за безбедност донесе одлука за ова прашање.
Запечатувањето на куќите на напаѓачите често е замена или подготовка за нивно уривање.
Општо земено, процесот на уривање трае неколку месеци, бидејќи куќата мора да биде обележана, Високиот суд мора да одговори на жалбата на семејството, а безбедносните сили често чекаат оптимално време за да влезат во палестинските градови или населби за операции за уривање.
Мерката доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим. – Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. – Не сакаме ескалација, но подготвени сме за секое сценарио, додаде Нетанјаху.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани