Израелски Арап првпат унапреден во висок полициски чин во Израел

Израелскиот полицец Џамал Хакруш е унапреден во највисок чин што досега му е доделен на еден локален Арап, откако е создаден Израел.
Тој е именуван за заменик комесар во време кога неколку месеци траат најновите палестинско-изралски судири во источниот дел од Ерусалим, на Западниот Брег и во делови од Израел.
Заменик комесарот Хакруш ќе ја надгледува работата на полицијата во арапските заедници во земјата, каде со децении постои недоверба кон изрелската полиција.
Околу 20 отсто од израелското население или 1,7 милиони, се Арапи кои често се жалат дека регионите каде тие живеат не се добро покриени со полициска заштита и со квалитетни јавни служби.
Според израелскиот весник „Тајмс оф Израел“, Хакруш потекнува од селото Кафр Кана во областа Галилеја.
Тој е определен да раководи со новата полициска служба, создадена за да се унапреди полициската работа во областите населени со израелски Арапи.
Претставник на полицијата објасни дека се планира регрутирање на дополнителни 1.300 полицајци и отворање на неколку нови полициски станици во центрите со арапско население.
Израелските Арапи се потомци на околу 160 илјади Палестинци кои останаа да живеат на својата земја по создавањето на државата Израел во 1948 година. Сега тие претставуваат една петина од вкупното израелско население. од нив 80 отсто се муслимани, додека другите 20 отсто се христијани и друзи.
Ново на Сител
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
