Израелскиот одбранбен систем пресретна палестинска ракета
Израелскиот противракетен систем Железна купола вчера пресретнал ракета истрелана од Појас Газа.
Лансирањето на ракетата предизвикало тревога во израелскиот град Хоф Ашкелон, во близината на Појасот Газа. Палестинските вооружени групи честопати лансираат ракети кон блиските израелски градови, кои израелската армија се обидува да ги собори со противракетниот систем Железна купола. Во овој случај ракетата била погодена сред лет и нема повредени. Како одговор на лансирањето на ракетата, израелски тенк гранатирал позиција на палестинската група Хамас во северниот дел на Појасот Газа.
Палестинскиот напад е одговор на серијата израелски воздушни и артилериски напади врз цели во Појасот Газа, при што беше уништен и тунел со кој Палестинците префрлувале оружје и борци на израелска територија. Двете страни разменуваат ракети и гранати од средата, кога претседателот на САД Доналд Трамп донесе одлука да го признае Ерусалим за главен град на еврејската држава и да ја премести Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Ново на Сител
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров