Израелските вооружени сили соопштија дека ноќеска спречиле ракетен напад на Хезболах
Израелските вооружени сили денеска соопштија дека синоќа спречиле планиран ракетен напад на либанската шиитска воена група Хезболах, јави ДПА.
Во соопштението на израелските одбранбени сили, објавено на X (до неодамна Твитер), се вели дека тие ја погодиле „терористичката инфраструктура на Хезболах во Либан, вклучувајќи воена локација и набљудувачка станица“.
Исто така се додава дека биле погодени „четири терористички ќелии на Хезболах кои дејствуваат долж границата со Либан“.
Според израелските одбранбени сили, ќелиите имале намера да истрелаат противтенковска ракета кон израелскиот град Шломи.
Откако Израел започна масовна кампања на воздушни напади во Појасот Газа како одговор на нападите извршени од Хамас на 7 октомври, инцидентите на насилство долж границата меѓу Израел и јужен Либан, кој е под контрола на Хезболах, се зголемениИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Хезболах да не отвора втор фронт во конфликтот со владејачкиот Хамас во Газа, бидејќи тоа би била „животна грешка“.
Ново на Сител
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
-

Истражување: Секој трет Британец штеди на основни потреби
-

Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови
-

Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите
-

УЈП не воведува нов данок, туку спроведува постоечки закон, порача директорката Петрова
-

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“
-

Седумгодишно дете прегазено во Кочани
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
