Изречени 116 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека аасилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Рождество на Пресвета Богородица – почетокот на сите празници
-

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
