Извештај на УСАИД за адаптација на аграрот на климатските промени

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во Скопје ќе презентира сеопфатен извештај за наодите добиени од тригодишното тестирање на различни ефективни и исплатливи практики што ќе им помогнат на земјоделците да ја намалат ранливоста на земјоделското производство во услови на негативното влијание од климатските промени.
Проектот опфати 17 различни земјоделци за да се утврдат најефективните адаптивни мерки, соопшти канцеларијата на УСАИД во Скопје.
На презентацијата на извештајот е најавено учество на министерот за замлоделство, шумарство и восостопанство Михаил Цветков и на директорот на УСАИД во Македонија Џејм Стајн.
Професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт ќе одржат презентации за резултатите на мерките за адаптација кон климатските промени во овоштарството, лозарството и градинарството.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на РМ. Преку заедничката работа со земјоделците во насока да се развијат и распространат исплатливи технологии и практики за адаптација кон климатските промени, како и преку спроведување на сеопфатни кампањи за подигнување на јавната свест, проектот има за цел да ги намали штетите предизвикани од климатските промени во земјоделскиот сектор и на таков начин да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на приход.
Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од Струмичко и Гевгелиско – земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание од климатските промени.
Ново на Сител
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
