Извештај: САД се подготвуваат да повлечат од Авганистан илјадници војници
САД се подготвуваат да ги повлечат силите од Авганистан како дел од договорот со Талибанците за ставање крај на скоро 20-годишната војна, јавуваат американските медиуми.
Вашингтон пост и Си-Ен-Ен цитираат неименувани извори кои велат дека, според договор, американските сили во Авганистан ќе бидат намалени од околу 14.000 луѓе на 8.000 на 9.000.
Договорот исто така ќе бара да започнат директни преговори со владата во Кабул.
Договорот драстично ќе го намали и бројот на персоналот во американската амбасада во Кабул и бројот на безбедносните лица, објави Си-Ен-Ен.
Извештајот се појави откако Залмај Калилзад, специјален претставник на САД за помирување во Авганистан, во средата изјави дека САД се подготвени да го „склучат договорот“ доколку талибанците направат свој дел во унапредувањето на преговорите меѓу двет страни. САД и талибанците од лани имаат среедби во обид да постигнат мирно решение за авганистанскиот судир, а новиот круг преговори треба да почне во Доха за неколку денови.
Ново на Сител
-
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини