Известување од ПИОСМ за сите кои земаат пензија во Еуростандард банка
Сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21 месецов треба да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.
– Во врска со соопштението на Народна банка и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година донесено од Гувернерот на НБ за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, се известуваат сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата, соопштија од Фондот на ПИОСМ.
Банките, наведуваат, по службена должност ќе извршат дојава до Фондот на ПИОСМ за трансакциските сметки на кои Фондот ќе треба да изврши исплата на пензиите, поради што корисниците на пензија не треба да доаѓаат во Фондот.
– На корисниците на пензија кои од разни причини не се во можност до 21 август 2020 година да ја извршат дојавата во банката каде би сакале да се врши натамошна исплата на пензиите, исплатата на пензиите ќе се изврши дополнително, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
