Извинување од Кривичниот суд до претставниците на медиумите

Основниот суд Скопје 1 – Скопје им упатува извинување на сите претставници на медиумите кои денеска сакаа да присуствуваат на главната расправа за предметот со КОК бр. 127/15 поврзана со настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.
- Бидејќи како Суд бевме известени дека за денешната главна расправа не може да ја користиме салата во Врховниот суд, каде досега се одржуваше судењето, денешната расправа беше одржана во салата на Кривичниот суд која е со значително помал капацитет. Со оглед дека станува збор за предмет во кој обвинети се 29 лица, за тешки кривични дела и сите се придружувани од спроводници од установите каде ја издржуваат мерката притвор, а дополнително во салата се присутни и нивните адвокати, а имајќи го предвид просторното ограничување на судницата како и високиот степен на безбедност под кој се води овој предмет, во судницата немаше доволно простор за сите претставници на медиумите, се вели во денешното соопштение од Судот.
Затоа, како што појаснуваат, беше предложено на главната расправа да влезат само дел од новинарите, но тие тоа го одбија за што како Суд имаме целосно разбирање, но воедно бараме и разбирање од нивна страна за условите и ограничувањето на нашата судница.
- Воедно за се што денеска се случуваше на главната расправа, согласно законот се води записник кој е достапен за странките во постапката, а на главната расправа присуствуваа и претставници на мисијата на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата сите за правично судење како и претставници на Амбасадата на Косово во Скопје, па оттаму појаснуваме дека се невистинити сите написи за намерата на судот да го затвори судењето за јавноста, се наведува во соопштението.
На денешната главна расправа, како што информираат од Судот, свој исказ дале пет сведоци предложени од Обвинителството, а судењето продолжува на 25.03.2016 година во 10:00 часот со доказна постапка.
За сите други информации поврзани со денешната главна расправа, како то стои во соопштението, новинарите може да се обратат до Канцеларијата за односи со јавност на Судот.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
