Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024
Во седиштето на УЕФА во Нион, беше извршена ждрепката за бараж дуелите по кои ќе бидат познати последните три репрезентации кои ќе играат на ЕУРО 2024-та.
Иако од претходно беа познати три пара, денеска беа одредени преостанатите три за полуфиналната рунда.
12-те репрезентации се поделени во три групи, од кои по одигрувањето на полуфиналните и финалните натпревари, победниците ќе обезбедат настап на шампионатот.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 21 март, а пет дена подоцна (26 март) и финалните дуели.
Победниците од овие бараж дуели ќе бидат сместени заедно со Италија, Србија, Швајцарија во последниот 4-ти „шешир“ во ждрепката за групите за ЕП што е закажана за 2 декември (сабота) во 18 часот.
Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.
БАРАЖ – ЗА ЕУРО 2024
Лига „А“ – полуфинале
ПОЛСКА (1) – ЕСТОНИЈА (4)
ВЕЛС (2) – ФИНСКА (3)
финале
Велс / Финска – Полска / Естонија
Лига „Б“ – полуфинале
ИЗРАЕЛ (1) – ИСЛАНД (4)
БИХ (2) – УКРАИНА (3)
финале
Босна и Херцеговина / Украина – Израел / Исланд
Лига „Ц“ – полуфинале
ГРУЗИЈА (1) – ЛУКСЕМБУРГ (4)
ГРЦИЈА (2) – КАЗАХСТАН (3)
финале
Грузија / Луксембург – Грција / Казахстан
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци