Извлечени осминафиналните дуели во Лига Европа и Конференциската лига
Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево се извлечени двојките за осминафиналните натпревари во Лига Европа и Лигата на конференции, кои се на програмата на 9. и 16. март.
Турскиот гигант Фенербахче, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, за противник ја доби шпанска Севиља, додека Манчестер јунајтед ќе игра против Бетис.
Осминафиналните двојки во Лига Европа се Унион Берлин – Унион Сент-Жил, Севиља – Фенербахче, Баер Леверкузен – Ференцварош, Спортинг – Арсенал, Рома – Реал Сосиедад и Шахтјор Доњецк – Феенорд.
Финалето е на програмата на 31 мај во Будимпешта.
Во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, осминафиналните двојки се: АЕК Ларнака – Вест Хем, Фиорентина – Сиваспор, Лацио – АЗ Алкмар, Лех – Ѓургарден, Базел – Слован Братислава, Шериф – Ница, Андерлехт – Виљареал и Гент – Башакшехир.
Домаќинот на финалето ќе биде Прага на 7 јуни.
Ново на Сител
-
Бислимоски: Ќе искористиме се што ни постoи како можност за да ја релаксираме цената на струјата
-
Спасовски за настаните во општина Арачиново: Тие што прават конфликти нека ги расчистат недоразбирањата
-
Претседателот Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д
-
АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди
-
Бислимоски: Се враќа евтината дневна тарифа на струјата
-
АМСМ: Во прекин сообраќајот на патот Штип - Кочани
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
Повисоки цени на дел од горивата од полноќ