Извозот до ноември 3,73 милијарди долари
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-октомври годинава, изнесува 206.127.946.000 денари (3.727.580.000 долари, односно 3.345.588.000 евра), а на увозот 290.579.578.000 денари (5.253.133.000 долари, односно 4.716.335.000 евра), објави денеска Државниот завод за сттаистика.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври година, изнесува 84.451.632.000 денари, односно 1.525.553.000 долари или 1.370.746.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во првите десет месеци од годинава, е 71 процент.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Ново на Сител
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак