Извозот се намалува, компаниите бараат помош за сите
Индустријата на колена. Корона кризата им ја намали работата за 30%. Се откажуваат нарачки, се губат пазари, се нижат загуби. Статистиката објави пад на извозот од јануари до мај за над 27%. Во истиот период увозот на стоки се намалил за 23%. Трговскиот дефицит достигнал 866 илјади долари. Според бизнисмените – најтешкото допрва доаѓа. Следните месеци ќе бидат уште полоши.
Кризата ги погоди сите сектори, но помош од владата имаше само за некои. Сега кога се соочуваат со нарушена ликвидност, а не планираат отпуштања на вработените, бараат од државата да им помогне да функционираат.
-Бараме одложено плаќање на ДДВ при увозот на репроматеријали, затоа што тие суровини се вградуваат во готовиот производ после неколку месеци. Ние ДДВ-то го плаќаме, а немаме веднаш извоз на готов производ за да ги добиеме парите од продадениот производ, додава Трајкоска.
Според стастичките бројки, државата најмногу тргувала со Германија , Британија, Србија, Грција и Бугарија. Најмногу се извезуваат производите од слободните економски зони, од каде изминатиот месец алармираа за тешката систуација со која се соочуваат.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар