Извршен увид на локацијата каде беше опожарено возило на пратеник од Прилеп
– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието.
Како што информираат од Јавното обвинителство, по наредба на јавниот обвинител биле подигнати траги од лице место, кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот.
Јавниот обвинител издал и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.
Утрово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави дека било опожарено возило на пратеник од оваа партија. Потоа, СДСМ излезе со соопштение со осуда на палењето на возилото на пратеникот и побара надлежните институции да го расчистат случајот.
Ново на Сител
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
