Извршени две разбојништва врз малолетници на Партизанска

Во Скопје на булеварот „Партизански одреди синоќа се извршени две разбојнишва врз малолетници. Непознати лица нападнале две малолетни лица од Ресен и Другово и едно лице од Скопје.
МВР соопшти дека во првиот случај во 18.05 часот во Скопје кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица А.М. од Ресен и М.Б. од село Другово-Кичево, штитеници на домот „Здравко Цветковски“. Додека чекале автобус им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со закана им побарале да им дадат се што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале.
Слуачјот синоќа во 21 часот го пријавил А.Г. вработен во домот „Здравко Цетковски“. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
Второто разбојништво се случило 10 минути подоцна, односно во 18:15 часотво непосредна близина на Универзална сала во кое, исто така, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз седумнаесетгодишниот Д.Г. и му одзеле 300 денари.
Случајот го пријавила неговата мајка во полиција синоќа во 21.45 часот. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
