Живот
7. July 2017 - 13:33

Ја гушкал мртвата мајка додека не умрел од глад: Трагедија каква што не се памети

Естер Екети - Муло (24) и нејзиниот 4 -годишен син Чадрак се пронајдени мртви во стан во Лондон.

Мајката имала епилептичен напад, а Чадрак кој боледувал од аутизам и бил нем не можел да повика помош. Детето умрело од глад.

Оваа трагедија ја потресе јавноста во Велика Британија. Медиумите поставуваат прашање како е можно никој од институциите да не реагира дури 2 недели. На погребот на мајката и детето биле стотина луѓе. Естер имала роднини, идносно родители, сестра, пријатели.

Photo published for How could a little boy starve to death in modern Britain?

Обдукцијата покажала дека Естер починала по силен епилептичен напад, а детето умрело од глад. Кога го пронашле лежел прегрнат покрај својата мајка. Телата се откриени по 15 деца, откако вујкото кренал узбуна зошто Естер не се јавувала на телефон.

-Ова отвора многу сериозни прашања за тоа како е можно дете во Велика Британија да умре од глад во 2017 година и никоја да не забележи. Како е можно дете со таква дијагноза да им се „измолкне“ на институциите и да се дозволи да дојде до ваква трагедија, пишува Дејли Мејл.

Детето одело во градинка во која не се појавило уште од септември. Во градинакта наводно се обиделе да дознаат зошто не доаѓа, но никој не се јавувал кога ѕвонеле и на интерфонот во зградата. На крајот едноставно се откажале. Сега велат дека мора да смени протоколот во таквите ситуации.

Некои пријатели на Естер сметаат дека најмногу е виновно семејството, а други пак дека се виновни властите. Соседите велат дека не слушнале никава бучава и ништо невообичаено или сомнително од нивниот стан.

-Полицијата ни рече дека Естер паднала, ја удрила главата и искрварила. Естер беше драга жена која многу го сакаше и го чуваше својот син, но беа повлечени, рече соседката.

-Многу те сакавме. Им простувам на луѓето кои не обвинуваат,а не ја знаат вистината. Ве сакам, почивајте во мир, рече простувајќи се од ќерката и внукот мајката на Естер, Бебе.