Балкан
28. July 2017 - 13:32

Ја изгуби битката за живот, почина Анита од Бор тешка 300 килограми

Пациентката од борска Метовница, Анита Вујиќ (42) тешка околу 300 килограми, почина од последица на екстремна дебелина во Општата болница во Бор, потврдил директорот на болницата.

- На пациентката и откажаа виталните органи - срце, бубрези, бели дробови - изјавил др Јоксимович.

Според неговите зборови, Анита не успеала да дочека доаѓање на лекар специјалист кој требало да и вгради канила и да се обиде да пронајде венски пат.