ОН ја критикува неуспешната евакуација на цивилите од Алепо
Обединети нации за неуспешната операција за евакуција на болните и повредените од источниот дел на Алепо ги обвини вооружените групи, сириската Влада и локалните власти.
Во соопштението од заменикот на генералниот секретар за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан се наведува дека соработниците на ОН и партнерите биле подготвени да ги евакуираат луѓето, но немале гаранции за безбедност.
- Евакуацијата не се реализира поради различни фактори, вклучително и бавните дозволи од локалните власти, потоа условите поставени од вооружените групи, како и сириската Влада која не достави медицински материјали и не укажа друга помош во источнито дел на Алепо, посочи О’Брајан.
На евакуацијата на цивилите од источните делови на Алепо се врши низ шест хуманитарни коридори, отворени се пунктови, се дели храна и прва медицинска помош.
Ново на Сител
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец