Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
Пред 17 години, Славиша Јовановиќ од околината на Ниш ја продал својата нива на општината за да се прошират гробиштата. Бидејќи парите не биле уплатени во целост, тој ја тужел општината. По десет години постапка, судството наместо пари му ја враќа нивата но со телата на 150 закопани. Во проблем се нашло и самото село бидејќи „новиот сопственик“ на гробиштата не е овластен да организира погреби.
„Едноставно не можам да го поднесам ова. Се ми е толку непријатно што не можам да спијам навечер“, кажал Славиша Јовановиќ за n1.
Претседателот на Советот на судот, Жарко Рајковиќ, навел дека градот не ја исплатил целата сума, па „затоа настанал проблемот“.
Тој вели дека очекува Владата да ја купи оваа парцела и покрај судската пресуда, бидејќи е невозможно да се врати во првобитната состојба.
Апелациониот суд всушност одлучил да укине две пресуди на Основниот суд во Ниш со кои е одлучено да му се исплати остатокот од парите, а местото да остане гробишта. Наместо тоа, Јовановиќ вели дека платил 180.000 динари (1.538 евра) за Апелациониот суд „да му го врати тоа што е негово“.
Претседателот вели, работат на решение а сопственикот на 150 гробови дека ќе почека до крајот на месецот.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот