Ја силувал мигрант, од жал не сакала да го пријави
Швеѓанка, која неодамна во воз била силувана имигрант од Ирак, првично одби да го пријави случајот во полиција, бидејќи ѝ било жал за него и стравувала дека ќе биде депортиран од земјата поради тоа.
Злосторот се случил овој октомври во возот кој се движел меѓу Умеа и Сундсвал. Ирачкиот бегалец патувал со него враќајќи се од Финска, незадоволен од условите на азил кои таму ги нудат, пренесува порталот „Инфоварс.ком“.
Дваесет и осумгодишната жена се нашла во истиот оддел со тројца Арапи, на кои се смилувала и им купила сендвичи. По некое време тројцата почнале да пијат, и почнале да ја допираат. Таа ги предупредила да престанат.
Кратко време откако заспала во своето седиште, еден од нив ја разбудил и почнал сексуално да ја злоупотребува. Таа успеала да му спротивстави и да побегне низ ходникот, барајќи помош.
Според извештајот на полицијата, жртвата првично категорично одбила да го пријави силувањето, велејќи дека ѝ е жал за човекот што ја нападнал поради неговата „тешка ситуација“. Таа се плашела дека поради нејзината пријава би можел да биде депортиран во Ирак.
На крајот, сепак, ја убедиле да го пријави случајот. Подоцна сторителот бил уапсен и осуден на една година затвор, а на неговата жртва мора да ѝ плати надомест во износ од 85.000 круни (околу 9.200 евра).
За време на судењето се покажало дека неговиот статус на бегалец е лажен, бидејќи потекнува од дел на Ирак кој не е под влијание на конфликти и дека во Шведска е исклучиво од економски причини.
Ново на Сител
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
-

„Мото Илинден“ со фестивал за адреналин и поголема сообраќајна култура
-

Газдата на „Пулс“ во Кривичен – Дали ќе добие нова мерка притвор?
-

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство
