Спорт плус
8. February 2022 - 10:50

Јада го освои 86. место во крос-кантри спринт на 1,5 км

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада имаше симболичен настап на денешниот спринт на 1,5 километри на Олимпијадата во Пекинг.

Јада го освои 86. место во квалификациите на кои се појавија 90 натпреварувачи, од кои 88 ја завршија трката.

Македонецот на целта стигна со време 3:29.13 минути или 44,10 секунди побавно од првопласираниот Лукас Шанава од Франција.

Четвртфиналната трка е закажана за 12:02 минути, полуфиналето за 12:45, а спринтот кој ќе одлучи за медалите е предвиден да стартува во 13:11 часот.