Балкан
5. February 2016 - 8:38

Јахјага бара воспоставување официјални односи меѓу Косово и НАТО

Косовската претседателка Атифете Јахјага побара воспоставување официјални односи меѓу Косово и НАТО.

Таа вчера разговараше со врховниот командант на НАТО силите за Европа, генералот Филип Бридлав во врска со најновите политички случувања, состојбата и безбедносните предизвици на Косово и регионот, како и за трансформација на косовските безбедносни сили и процесот за интегрирање во Алијансата.

Јахјага, исто така, му се заблагодарила на Бридлав за придонесот кој го даваат припадниците на КФОР во одржување на мирот и безбедноста на Косово.