Јакимовски: ГРОМ е подготвена за избори на 5 јуни

ГРОМ е подготвена за изборите на 5 јуни и ја поддржува одлуката на Собранието за распуштање. Иако немавме разбирање за отстапките кои се правеа кон СДСМ, сметаме дека е добро што се толерираа, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев под никој услов да не одат на избори.
Ова денеска на партиска прес-конференција го порача лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој потенцира дека Заев, на секое задоволување на негово барање, поставува ново, со цел да најде причина за одложување на изборите.
- Ако Заев и СДСМ учествуваат на изборите ќе ги загубат, а потоа ќе следи смена на раководството на партијата и државата ќе продолжи да функционира во нормален тек. Понатаму, ќе нема никаква причина да испорачува барања ни до власта, ни до меѓународната заедница, и практично ќе нема никаква реална основа да ја вознемирува македонската јавност, посочи Јакимовски.
ГРОМ, потенцира Јакимовски, смета дека е сосема легитимно политичка партија да ги бојкотира изборите, но е неморално и неетички, лидерот на опозицијата два милиони граѓани да ги држи во заложништо.
- Во своето обраќање до јавноста, Зоран Заев не кажа ниту една издржана аргументација за неучествувањето на изборите, и напомена само дека и понатаму ќе ја продлабочува кризата, рече Јакимовски.
Потсети дека во 1994 година, Љубчо Георгиевски и Петар Гошев одлучија да ги бојкотираат изборите, па ВМРО-ДПМНЕ четири години беше вонпарламентарна опозиција, а на изборите во 1998 победи и стана власт.
- Оваа опција е отворена за СДСМ, и чесно е да ја соопштат отворено, а не и понатаму да се кријат зад т.н. неисполнети барања кои постојат само во нивните глави, и никаде на друго место, заклучи Јакимовски.
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
