-->
-->
Јакуб има само една новогодишна желба, за прв пат за Божиќ да биде дома
-->
Јакуб Стецкиевиц моментално во болница заздравува од трансплантација, по втор пат му пресадиле дебело и тенко црево, џигер, панкреас и желудник.
Храбриот 6-годишник Јакуб Стецкиевиц од Бедфордширеа, Велика Британија има само една новогодишна желба, за прв пат за Божиќ наместо во болница да биде дома.
Јакуб боледува од болест која ги напаѓа внатрешните органи па во својот живот минал низ десет трансплантации. Лекарите му пресадиле пет органи, секој по два пати.
Тој моментално заздравува од трансплантација, по втор пат му пресадиле дебело и тенко црево, џигер, панкреас и желудник.
Претходнииот Божиќ родителите на Јакуб се надевале дека ќе го мине дома, но по трљансплантацијата телото му ги отфрлило органите.
- Голем дел од неговиот живот поминавме во болница. Ужасно е да го гледам како се надева дека Божиќ ќе го дочека и помине дома. Не знаеме дали ќе се оствари бидејќи не знаеме дали телото ќе ги прифати органите. Колку да се надеваме дека ќе може да биде дома, ќе бидам среќна ако биде тука на божиќното утро - вели неговата мајка за Деили Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!