Јакуп Красниќи отпатува за Хаг
Поранешниот портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и прв претседател на косовското Собрание по војната, Јакуп Красниќи денеска отпатува за Хаг, каде што е повикан на итервју од страна на Специјалниот суд за воени злосотрства, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата за заминувањето на Красниќи, кој е член на Националниот совет на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), претпладнево на Фејсбук ја објави шефот на пратеничката група на таа владејачка партија, Биљал Шерифи.
Красниќи во неделата преку соопштение за јавноста информира за поканата од Хаг и кажа дека пред судот треба да се појави в четвррток, 24 јули, но не објави дали е повикан во својство на осомничен или како сведок.
Тој порача дека, без оглед што е против тој суд, кој, според него, „има за цел да ја изедначи праведната борба на ОВК со српските злосторства во Косово“, сепак ќе одговори на поканата.
– Со верба во правдата, убеден во вистината дека во војната во Косово, Србија изврши геноцид и дека нејзините монструозни конструкции за ОВК ќе паднат во вода, јас ќе бидам таму за да го дадам мојот придонес за расветлување на историската вистина, изјави Красниќи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен