Балкан
2. October 2021 - 13:11

Јанев: Бугарија својот План за обнова ќе го поднесе до ЕУ до 15 октомври

–  Бугарија до 15 октомври во Брисел ќе го испрати Планот за обнова и одржливост, изјави преодниот премиер на земјата Стефан Јанев по посетата на градот Маџарово.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот привремен премиер, во земјата има многу предизвици, но преземени се неопходните мерки, така што планот во голема мера е завршен. -Остануваат отворените прашања на ниво на експерти, додаде бугарскиот привремен премиер, кој изрази надеж дека тие ќе бидат решени во текот на следната недела. И, најдоцна до 15 октомври, Бугарија ќе биде подготвена и планот ќе биде доставен до Брисел, додаде тој.