Јанева: Водев преговори О.К. да стане соработник-сведок во нова предистрага на СЈО
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, во врска со денешните објавени разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.
-Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители, посочува во изјавата Јанева.
Таа ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и, како што посочува, обелување на нејзиното име.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат