Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има.
-Сите можат да бидат спокојни и не е ова прва година кога ќе има учебници. И минатата година со силни напори успеавме да обезбедиме учебници за учениците. Дел од учебниците веќе се дистрибуираат по училиштата. Секако, наставниците се на колективен одмор до 15 и после тоа поинтензивно ќе продолжи испораката на учебници. Во овој момент сè уште имаме одредени процедури кои се завршуваат. Но, и тие ќе бидат завршени и учебници ќе има, изјави Јаневска во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 ТВ.
Околу прашањето за учебникот по историја и тоа дали ќе бидат земени предвид препораките од Историската комисија, таа одговори дека, како што рече „ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати“.
-Оваа година ќе има посебен предмет историја, секако и предмет географија, и ќе има учебници и по овие предмети. Тие се исклучително значајни, тоа се национални предмети кои децата секако треба да ги изучуваат. И мешаните комисии не дале сѐ уште официјален предлог барем до Министерството таков предлог не е стигнат. Оттука, ние и немаме обврска тоа што се зборува во јавноста да го примениме како такво затоа што немаме официјален допис. Секако, ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати во различни одделенија, по различни теми и поглавја, така како што нашите автори сметаат дека тоа треба да се направи
Во однос на оштетените учебници од минатата година, Јаневска објасни дека училиштата треба да ги пријават до Министерството, кое ќе испорача нови примероци според пријавениот број.
-Старите учебници кои треба да бидат заменети училиштата ги пријавуваат до Министерството за образование и наука. Колкав број на учебници за секој предмет поединечно ќе пријават, толкав број ќе испорачаме. Да, се случува некои училишта да направат пропуст, таму треба да има комисија за прием на старите учебници која треба да ги разгледа, да види дали се оштетени или неоштетени. Законот вели дека оштетените учебници родителот треба да ги плати во 70 проценти. Училиштата, особено некои општини, не сакаат да им ги побараат тие средства на родителите и пријавуваат помал број на оштетени учебници, појасни таа, дополнувајќи дека годинава им потенцирале дека е неопходно да ги пријават сите оштетени учебници и ќе добијат толку учебници колку што побарале.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
