Јаневски: Во Струмица нема позитивни на короноавирусот
На територијата на општина Струмица до сега нема ниту еден докажан позитивен пациент со корона вирус, објави пред малку градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на фејсбук.
-Двата случаи регистрирани во статистиката на Mинистерството за здравство се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашно изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово, напиша Јаневски.
Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките од надлежните институции, бидејќи тоа е најсилното оружје во борбата со корона вирусот.
-Држете дистанца, избегнувајте блиски контакти, не се групирајте, останете дома и почитувајте ги и другите мерки. Ви благодарам за дисциплината и одговорноста кои ги покажавте во овие вонредни околности. Ве охрабрувам и понатаму да се однесуваме уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки. Со мерките коишто ги презема општина Струмица и вашата поддршка заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува, додава Јаневски.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи