Јанушев: Без вистински реформи не може да се движиме напред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде меѓу граѓаните, денес сме во Крива Паланка каде што имаме огромен одѕив на граѓани кои се дојдени овде во акцијата „Разговори за обнова на Македонија“. Да ги искажат своите проблеми, за кои што ние како политичка партија земаме обврска да понудиме решенија во новата изборна програма.
Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред.
За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев.
Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓутоа нашиот народ е свесен што се случува така да сметаме дека еден ваков обид ќе биде само всушност јалов обид за обид за дефокусирање повторно на јавноста.
Продолжуваме уште посилно од сега. Продолжуваме со нашата кампања за обнова на Македонија и за многу брзо се она што ќе имаме прилика да го слушнеме од граѓаните, ќе излеземе не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа да го реализираме, и да овозможиме подобар живот за граѓаните на оваа држава
Ново на Сител
-

Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
-

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода
