-->
-->
Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид-19 првпат по 15 месеци
-->

Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од ковид-19, првпат по повеќе од една година, јавуваат јапонските медиуми.
Претходно, немаше ниту еден ден без смртни случаи од ковид-19 од 2 август 2020 година, според националната телевизија НХК. Во саботата, сепак, беа регистрирани три смртни случаи.
Бројот на новозаразени и смртни случаи од ковид-19 драстично се намали низ Јапонија, бидејќи повеќе од 70 проценти од населението досега се вакцинирани.
Бројот на нови инфекции го достигна врвот во август, кога имаше повеќе од 25 000 дневно, како резултат на брзото ширење на делта варијантата на вирусот.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија, повеќе од 18 000 луѓе починале од ковид-19.
За да се спречи можен нов бран на ширење на вирусот во текот на зимата, Владата планира да започне со дополнителна вакцина следниот месец и работи на обезбедување третман за лекување базиран на таблети за поблаги случаи на болеста за да ги намали хоспитализирањата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
-

Лекарската комора стана полноправен член на Европскиот совет на лекарски комори (CEOM)
-

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица
-

Иранската револуционерна гарда повторно им се заканува на бродовите на американските или израелските сојузници
-

Уапсено лице од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки
-

Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански ракети
-

Тошковски: Психофизичката подготвеност е темел на професионалната полициска служба
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
