-->
-->
Јапонија издвојува 265 милијарди долари за поддршка на економијата
-->
Јапонската Влада планира да усвои нов пакет за да обезбеди финансиска поддршка на економијата и луѓето погодени од ширењето на коронавирусот, вреден повеќе од 265 милијарди долари, објави новинската агенција Кјодо.
Планот вклучува еднократен додаток од 100.000 јени за секое дете под 18 години за сите семејства кои живеат во земјата. Се очекува одлуката официјално да биде објавена на 19 ноември. Претходно беше најавено дека право на еднократна исплата ќе имаат сите семејства со деца, без разлика на нивниот приход.
Минатата година, секој јапонски граѓанин и секој странец што живее во Јапонија доби еднократна исплата од 100.000 јени како дел од поддршката во текот на пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта