Јапонија ја одбележа 78-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки
Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје.
Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба смело да го отфрлат, кое, како што велат, им служи за нуклеарно одвраќање.
Оваа порака градоначалникот ја упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун. Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силни ветрови, на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.
По првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбена сала.
На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите во спомен на 9 август 1945 година, кога атомска бомба беше фрлена на Нагасаки. Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени.
Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима. Во двата атомски напади загинале меѓу 129,000 и 226,000 луѓе, од кои повеќето биле цивили, и тоа останува единствената употреба на нуклеарно оружје во вооружен судир.
Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.
Ново на Сител
-
Изложба на Чатмов во Чифте амам
-
СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
-
Потопло време во наредните денови
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила