Јапонија верува дека ја надлетувале кинески шпионски балони
Новата анализа на неидентификувани летечки објекти кои летале над јапонскиот воздушен простор во последниве години „силно“ сугерира дека станува збор за кинески шпионски балони, соопшти јапонското Министерство за одбрана.
- По понатамошна анализа на специфични летечки објекти во облик на балон претходно идентификувани во јапонскиот воздушен простор, вклучително и оние од ноември 2019 година, јуни 2020 година и септември 2021 година, заклучивме дека за балоните се претпоставува дека се извидувачки балони, беспилотни летала испратени од Кина, се вели во соопштението на јапонското Министерство.
Токио, исто така, „одлучно побара од кинеската влада да ги потврди фактите“ за инцидентот и „да спречи таква ситуација да се повтори во иднина“, се вели во соопштението.
- Повреда на воздушниот простор со странски извидувачки балони без екипаж и други средства се целосно неприфатливи, се додава во соопштението.
Јапонија минатата недела соопшти дека испитува серија инциденти кои вклучуваат неидентификувани летечки објекти откако кинески шпионски балон соборен од САД прелета над американска територија.
Ново на Сител
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден