Јапонска железница бара жените да не се шминкаат во возовите
Една јапонска железничка компанија побара од жените да не се шминкаат во возовите, тврдејќи дека тоа е „грда навика“.
Компанијата изработи и посебен музички видео спот, чија порака е да нема шминкање и дотерување додека се патува со воз.
Видео пораката порачува дека сите жени се убави, но дека стануваат грди кога ќе почнат да се шминкаат во своето седиште во возовите.
Дел од патниците кои секојдневно патуваат со воз до своето работно место, а потоа со него се враќаат дома, го одобруваат потегот на железничката компанија.
Но, не е мал бројот Јапонки, кои инаку не кријат дека го користат патувањето со воз за да се нашминкаат или да ја уредат својата шминка, силно се противат на давање совети за тоа како да се однесуваат.
- Ова е навистина премногу од една железничка компанијам напиша на Твитер една Јапонка, чие гледиште го пренесуваат медиумите во Токио.
Таа вели дека обично „го обновува црвилото на усните“ додека се вози кон работа, но се брани дека „тоа го правела и британската кралица Елизабета“, па не гледа причина зашто тоа не може да го прават и обичните жени.
Според јапонските медиуми, реакцијата на патничките на потегот на железничката компанија се сведувал на тоа дека тие се согасуваат оти има патници на кои можеби им пречи кога жените се шминкаат во вагоните, но дека не е в ред компанијата да ги подучува оти тоа не е добра работа.
Ново на Сител
-
Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти
-
Приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
-
Барале мито од 20.000 евра за да сместат пациент, уапсен директорот на Геријатрија
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари
-
Мицкоски: Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата кој ја намали казната затвор за смртта на Теодора
-
Над 4.800 деца лани чекале за упис во градинка, 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети
-
Уапсен скопјанец во Тетово, возел со 2,15 промили алкохол во крвта
-
Приведен кавадарчанец кој физички ја нападнал баба си и тешко ја повредил